3-годишна гаранција

ГАРАНЦИСКИ УСЛОВИ

Електричното орудие на Хидриа Perles е детално прегледано при процесот на изработката и е испробано, согласно со стандардите за квалитет на системот Хидриа Перлес, за обезбедување на Hidria Perles.

Хидриа Перлес за своето електрично орудие нуди гаранција. Правата на купувачот, кои што произлегуваат од одговорноста на продавачот, за грешки, а кои што произлегуваат од купопродажниот договор и од законските права, оваа гаранција не ги ограничува.

За ова орудие даваме гаранција според следниве услови:

1. Даваме гаранција во согласност со подолу наведените услови во облик на бесплатно поправање и отстранување на грешките на орудието, кои што докажано се појавиле во периодот на важењето на гаранцијата, поради грешки во материалот или грешки на производителот.

2. Периодот на гаранција е 24 месеци, во случај на стопанска или професионална употреба односно на еквивалентно оптоварување, изнесува 12 месеци. Гаранцијата започнува да важи со денот на купувањето на првиот конечен купувач, за што е доказ датумот на оригиналната сметка. За сите електрични орудија купени од 01.03.2005 гаранцискиот период се продолжува на 36 месеци, доколку купувачот на орудието се пријави во рок од 4 недели од датумот на купувањето. Акумулаторските батерии, полначите и приборот, се исклучени од продолжувањето на гаранцискиот рок. Пријавување е можно само на инернетната адреса www.XXXXXXXX. Како доказ важи потврдата за пријава, која што морате да ја испечатите веднаш и оригиналната сметка, на која што е наведен датумот на купувањето. Услов за пријавување е купувачот да се согласува за чување на податоците, кои што ги внесува при пријавувањето

3. Во гаранција не спаѓаат:

  • Деловите, кои што се изложени на трошење (или на природно истрошување) и грешки на орудието, кои што настанале како последица од истрошување поради употреба односно поради природно истрошување.
  • Расипувања на орудието, кои што настанале како последица на непочитување на упатствата на производителот, поради неправилна употреба, поради ненормални услови во средината или несоодветна работна средина; расипувања што настануваат поради преоптоварување, несоодветно одржување и нега на орудието.
  • Грешки, кои што настануваат заради користење на неоригинален прибор и резервни делови.
  • Орудија, кои што биле изменети или дополнети.
  • Незначителни отстапување од квалитетот, кои што не се значајни за вредноста и работната способност на орудието.

4. Отстранувањето на грешките, кои што ги признаваме како наша гаранциска должност, го вршиме на тој начин што бесплатно го поправаме орудието со грешка или пак го заменуваме за ново орудие (ако е потребно, дури и со понов модел). Заменетото орудие или делови остануваат во наша сопственост.

5. Гаранциското барање мора да се даде во гаранцискот период. Целото орудие заедно со оригиналната сметка, на која што мора да биде виден датумот на купувањето и ознаката на производот, донесете го или испратете го на продавачот или на овластениот сервис (списокот е на гаранцискиот лист). При користење на гаранциско барање за период од 36 месеци, врз основа на претходно опишаната пријава, потребно е додатно да се приложи и потврдата за пријавување. Делумно или потполно расклопено орудие не може да биде предмет на гаранциско барање. Ако купувачот го прати орудието на продавачот или на овластен сервис, по пошта, трошоците и ризиците на транспорт се на товар на купувачот.

6. Други барања, кои што отстапуваат од правата за отстранување на грешки на орудието.



3 годишна гаранција!
Нова пријава!

Пријавување

Пријавување за коппании
Веќе сум пријавен!

Дали веќе имате корисничко име? Тука можете да изберете брзо пријавување! Покрај тоа можете да управувате со своите лични податоци.

Корисничко име: Лозинка:  
Дали сте ја заборавиле лозинката?
Електричните орудиа Искра Еро ги исполнуваат барањата за највисок квалитет!

Поради таа причина ви ја продолжуваме гаранцијата. За сите електрични орудија што сте ги купиле по 1.3.2005 добивате бесплатна тригодишна гаранција.

Продолжена гаранција добивате, ако го пријавите своето орудие преку интернет во рок од 4 недели по купувањето. Гаранцискиот период започнува да важи од денот на купувањето.

Во продолжената гаранција не е вклучен приложениот прибор, акумулаторската батерија и полначите.

Пријавувањето можете да го изведете така што најнапред ќе се пријавите како корисник. Потоа на лично вашата пријавна страна, пријавете го вашето електрично орудие и со тоа продолжете ја гаранцијата. Внесете ги вашите лични податоци и веднаш испечатете го гаранцискиот цертификат во ПДФ формат.

Гаранцискиот цертификат важи за секое поединечно орудие. Што значи дека, ако сте купиле повеќе производи, потребно е секој производ поединечно да го пријавите. За користење на продолжената гаранција задолжително е да се покаже гаранцискиот лист, цертификатот и оригиналната сметка. Податоците на документите мораат да бидат складни.

Гаранциските услови, кои што се наведени во прилогот, се основа за уважување на услугите што ги нуди гаранцијата.

Гаранциски услови